Jan 30, 2018 Filip Забава Comments Off on Управата за заштита на културното наследство подготви програма за ,,Европската година на културното наследство 2018“
Во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, утре ( 31 јануари) со почеток во 10 часот, Управата за културно наследство ќе ја презентира програмата за одбележување на „Европската година на културното наследство 2018“.
Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура на Република Македонија, изготви Годишна програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која ќе биде презентирана пред стручната и пошироката јавност.
-Со Одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа Европска иницијатива е да го промовира значењето на Европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности. Предвидените активности и проекти на земјите – членки на Европската Унија во рамките на оваа иницијатива, ќе опфатат неколку теми со посебно внимание на вклученоста на населението од најразлична возраст во зачувување на културното наследство, одржливоста на културното наследство во процесот на транзиција и во туризмот, зачувување на културното наследство, со акцент на зачувување на културното наследство во опасност и иновација во насока на подобрени вештини на професионалците од областа на заштитата на културното наследство, како и на сите оние кои се вклучени во неговото зачувување и презентација, велат од Управата за културно наследство.
Иако Република Македонија сè уште не е полноправна членка на Европската Унија, сепак Управата за заштита на културното наследство го препозна значењето на дадените рамковни теми на Годината, кои се блиски до нејзините заложби и изготви Програма под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштитата на културното наследство“. Во рамките на оваа Програма во текот на 2018 година, Управата ќе организира серија активности и настани за едукација, заштита и популаризација за нашето материјално и нематеријално културно наследство коишто ќе бидат презентирани на овој настан.
Feb 15, 2018 Comments Off on Општина Охрид објави конкурс за подобрување на квалификациите на невработените лица
Feb 15, 2018 Comments Off on Две години крадел пари од соселаните кои биле наменети за црква
Feb 15, 2018 Comments Off on ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните осиромашуваат и економијата тоне, власта на СДСМ се пресметува со политичките неистомисленици
Feb 15, 2018 Comments Off on Пецаков: Епилогот од владеењето на СДСМ е неодговорност, непотизам и вработување под партиски клуч
Jan 17, 2018 Comments Off on Одлуките за финансирање поништени: Дарио, Принц, Ѓорѓи Крстевски нема да добијат субвенции
Jan 09, 2018 Comments Off on Василичарскиот концерт во МОБ со рок и поп хитови
Jan 04, 2018 Comments Off on Чудото во црквата во Трубарево се повтори за Нова Година (фото)
Jan 03, 2018 Comments Off on Граѓаните преку шеги секој ден ја потсетуваат владата на нејзините обврски
Feb 15, 2018 Comments Off on Општина Охрид објави конкурс за подобрување на квалификациите на невработените лица
Feb 15, 2018 Comments Off on Две години крадел пари од соселаните кои биле наменети за црква
Feb 15, 2018 Comments Off on Судскиот совет ќе расправа дека новинар ги нарекол криминалци и џелати на судството
Feb 15, 2018 Comments Off on Османи бара дебата за името да не се одвива преку медиуми
Feb 15, 2018 Comments Off on Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
Feb 06, 2018 Comments Off on Пукна бомба пред министерството за одбрана во Солун
Jan 17, 2018 Comments Off on Уапсен агент на ЦИА – продавал тајни на Кина
Jan 14, 2018 Comments Off on Пожар од експлозија на печка на дрва: 8 лица загинаа, а 50 се повредени