Jan 02, 2018 Filip Економија, Македонија Comments Off on Каков е новиот начин на поднесување пресметки за персонален данок?
Со Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за персоналниот данок на доход од денеска се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку новиот систем е-персонален данок.
„Електронска пресметка за приход и данок имаат обврска да поднесат исплатувачи на приходи правни лица кога исплаќаат приходи по сите основи на физички лица резиденти на Република Македонија и на нерезиденти, освен за исплата на плата на вработени лица. Физички лица резиденти, кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство, освен за приходи од вршење самостојна дејност, како и физички лица нерезиденти, кои остваруваат приходи од други физички лица во Македонија“, информира Упрвата за јавни приходи.
Од УЈП информираат дека со воведувањето на електронската пресметка (е-ППД) граѓаните за приходите што подлежат на оданочување, а се остварени во земјата или во странство, почнувајќи од 1 јануари, немаат повеќе обврска за поднесување аконтативни даночни пријави ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП.
Почнувајќи од 2019 година, Управата за јавни приходи ќе им издава пополнета годишна даночна пријава на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk за приходите што ќе ги остварат во 2018 година. Граѓанинот ќе има обврска само да ја потврди или коригира пријавата.
Од Упрвата за јавни приходи додаваат и дека со законските измени и новите даночни процедури за персонален данок, физичките лица што остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи за приходите остварени почнувајќи од овој ден, немаат обврска за поднесување пријава за регистрација на обврзниците што остваруваат приходи од земјоделска дејност.
Извор – republika.mk
Feb 15, 2018 Comments Off on Општина Охрид објави конкурс за подобрување на квалификациите на невработените лица
Feb 15, 2018 Comments Off on Две години крадел пари од соселаните кои биле наменети за црква
Feb 15, 2018 Comments Off on ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните осиромашуваат и економијата тоне, власта на СДСМ се пресметува со политичките неистомисленици
Feb 15, 2018 Comments Off on Пецаков: Епилогот од владеењето на СДСМ е неодговорност, непотизам и вработување под партиски клуч
Feb 15, 2018 Comments Off on ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните осиромашуваат и економијата тоне, власта на СДСМ се пресметува со политичките неистомисленици
Feb 15, 2018 Comments Off on Пецаков: Епилогот од владеењето на СДСМ е неодговорност, непотизам и вработување под партиски клуч
Feb 15, 2018 Comments Off on ВМРО-ДПМНЕ бара итно да се повлече Националната годишна програма на министерството за култура и да се донесе нова, правична и објективна
Feb 15, 2018 Comments Off on Пораст кај трошоците на живот и цените на мало на годишно ниво
Feb 15, 2018 Comments Off on Општина Охрид објави конкурс за подобрување на квалификациите на невработените лица
Feb 15, 2018 Comments Off on Две години крадел пари од соселаните кои биле наменети за црква
Feb 15, 2018 Comments Off on Судскиот совет ќе расправа дека новинар ги нарекол криминалци и џелати на судството
Feb 15, 2018 Comments Off on Османи бара дебата за името да не се одвива преку медиуми
Feb 15, 2018 Comments Off on Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
Feb 06, 2018 Comments Off on Пукна бомба пред министерството за одбрана во Солун
Jan 17, 2018 Comments Off on Уапсен агент на ЦИА – продавал тајни на Кина
Jan 14, 2018 Comments Off on Пожар од експлозија на печка на дрва: 8 лица загинаа, а 50 се повредени