Dec 29, 2017 Filip Вести,Охрид, Охрид Comments Off on Две наставнички и дефектолог од ОУ „Св. Климент Охридски“ избркани од работа – среде учебна година директорката ќе вработува нови
Триесет провооделенци од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид од денес нема да одат на училиште, бидејќи родителите ќе ја бојкотираат наставата се дека директорката не ја смени одлуката и не ги врати на своите работни места двете наставнички и дефектологот кој работел и како логопед во училиштето. Откако им истекол договорот за дело на трите просветни работнички, наместо да им го продолжи, директорката решила да го прекине и да распише конкурс и на нивно место да вработи други наставници.
Советот на родители и училишниот одбор се спротивставуваат на оваа одлука на директорката.
– Да се повлече одлуката за избор на наставници затоа што истата е спротивна на одлуките на законски пропишаните тела во ова училипште т.е. училишниот одбор и Советот на родители како и нашата воља како родители.Од директорката на ова училиште бараме да се повлече одлуката, изјави Деспина Блажевска.
Родителите прашуваат по кој критериум се избрани новите наставници, потенцирајќи дека токму поради капацитетот на сега отпуштените, ги запишале своите деца во ова училиште. Дополнуваат дека дечињата се привзале за своите наставнички и не ќе можат сред учебна година да се навикнуваат на нови лица.
– Ова е тренд што се случува и на други места, меѓутоа не може да се остане едноставно рамнодушен за нечии други интереси да дојдат до израз на сметка на интерсите на нашите деца, изјавил за Алфа Јованчо Спироски.
Основното училиште „Св. Климент Охридски“ е единственото училиште во Охрид кое имало дефектолог-логопед.
– Сме многу задоволни од досегашниот логопед и дефектолог во школото и мислам дека би било штета да се изгуби таков кадар. Сакаме и понатака да ги користиме нејзините услуги, изјави Науме Блажески, родител.
Од Советот на родители испратиле допис и петиција до градоначалникот и директорката, но до сега не добиле одговор. Кажаа дека за ова ќе го известат просветниот инспекторат и министерството за образование.
Извор – republika.mk
Feb 15, 2018 Comments Off on Општина Охрид објави конкурс за подобрување на квалификациите на невработените лица
Feb 15, 2018 Comments Off on Две години крадел пари од соселаните кои биле наменети за црква
Feb 15, 2018 Comments Off on ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните осиромашуваат и економијата тоне, власта на СДСМ се пресметува со политичките неистомисленици
Feb 15, 2018 Comments Off on Пецаков: Епилогот од владеењето на СДСМ е неодговорност, непотизам и вработување под партиски клуч
Feb 15, 2018 Comments Off on Општина Охрид објави конкурс за подобрување на квалификациите на невработените лица
Feb 15, 2018 Comments Off on Две години крадел пари од соселаните кои биле наменети за црква
Feb 14, 2018 Comments Off on Денеска е Св. маченик Трифун, заштитник на градинарите и лозарите
Feb 14, 2018 Comments Off on Охридскиот регион нема да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО
Feb 15, 2018 Comments Off on Општина Охрид објави конкурс за подобрување на квалификациите на невработените лица
Feb 15, 2018 Comments Off on Две години крадел пари од соселаните кои биле наменети за црква
Feb 15, 2018 Comments Off on Судскиот совет ќе расправа дека новинар ги нарекол криминалци и џелати на судството
Feb 15, 2018 Comments Off on Османи бара дебата за името да не се одвива преку медиуми
Feb 15, 2018 Comments Off on Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
Feb 06, 2018 Comments Off on Пукна бомба пред министерството за одбрана во Солун
Jan 17, 2018 Comments Off on Уапсен агент на ЦИА – продавал тајни на Кина
Jan 14, 2018 Comments Off on Пожар од експлозија на печка на дрва: 8 лица загинаа, а 50 се повредени